сабота, 27 јули 2024

Ирански официјален претставник: „Ниту една израелска амбасада веќе не е безбедна!“

„Ниту една израелска амбасада веќе не е безбедна!“, изјави денеска воениот советник на врховниот лидер на Иран, Јахја Рахим Сафави, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на новинската агенција Тасним.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Иранската револуционерна гарда објави дека во понеделникот, во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск, за кој Иран го обвини Израел, загинале командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале.

Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални претставници на Техеран ветија одмазда за нападот.

САД се во состојба на висока готовност и се подготвуваат за можен напад од Иран врз израелски или американски објекти на Блискиот Исток, според Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ