Иранската револуционерна гарда објави дека во понеделникот, во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск, за кој Иран го обвини Израел, загинале командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружувале.
Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални претставници на Техеран ветија одмазда за нападот.
САД се во состојба на висока готовност и се подготвуваат за можен напад од Иран врз израелски или американски објекти на Блискиот Исток, според Ројтерс.