Експлозиите се слушнале во област на околу 40 километри североисточно од Ербил во полуавтономниот регион Курдистан, рекле за Ројтерс три безбедносни извори.
Експлозии се слушнале и во областа во близина на американскиот конзулат, како и на станбени згради.
Двајца мртви и пет ранети цивили се донесени во локална болница по експлозиите, рекле два медицински извори.
Авиосообраќајот на аеродромот во Ербил е запрен, соопштија безбедносни извори.
„Балистички проектили беа употребени за уништување шпионски центри и собири на антиирански терористички групи во регионот доцна вечерва“, се вели во соопштението на Револуционерната гарда.
Иранската новинска агенција ФАРС објави дека Револуционерната гарда соопштила дека со балистичка ракета го уништила „шпионскиот центар на израелски Мосад во Ирачки Курдистан“.
Иран во минатото извршуваше напади во ирачкиот регион северен Курдистан, тврдејќи дека областа ја користат иранските сепаратистички групи, како и агентите на неговиот главен непријател Израел.