сабота, 27 јули 2024

Иранската елитна воена единица заплени товарен брод во Ормускиот залив (ВИДЕО)

Иранската револуционерна гарда го заплени бродот МСЦ Ариес под португалско знаме, за кој тврдат дека е поврзан со Израел, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.

Социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Британската поморска трговска служба тврди дека операцијата била изведена така што иранските командоси се спуштиле на бродот од хеликоптер, операцијата се одвивала на 80 километри североисточно од градот Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати.

Според информациите што ги соопшти ИРНА, бродот ќе биде префрлен во иранските територијални води.

Се појавија и снимки на кои се гледа како командоси се спуштаат по контејнерите на бродот.

Од компанијата Зодијак маритајм потврдија дека тие се сопственици на запленетиот брод со 25 членови на екипажот, како и дека бродот бил пренасочен кон Иран.

„Ние тесно соработуваме со властите за да ја обезбедиме нивната благосостојба и безбедно враќање на бродот“, соопшти компанијата.

За инцидентот изјава даде и портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

„Тие ќе ги сносат последиците доколку одлучат да ескалираат. Ние сме во состојба на висока готовност и ја зголемивме нашата подготвеност да го заштитиме Израел од понатамошна иранска агресија. Подготвени сме да одговориме“, рече тој.

Тензиите меѓу Иран и Израел секојдневно се зголемуваат, целиот свет го чека одговорот на Иран за минатонеделниот израелски напад врз иранската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск, во кој беше убиен високиот командант на Иранската револуционерна гарда заедно со уште шест офицери.

Воениот аналитичар Мајкл Кларк зборуваше за Скај њуз за сериозноста на ситуацијата.

„Ова е најголемиот брод што е запленет или нападнат досега“, рече тој.

Најмалку 20 членови на екипажот на бродот МСЦ Ариес сега се земени како заложници.

„Обединетото Кралство и САД имаат многу поморски ресурси во областа на киднапирањето, така што Иран всушност се заканува да ги зголеми тензиите“, објасни професорот Кларк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ