Во видеото кое стана вирално, маж им приоѓа на две жени и почнува да разговара со нив. Потоа го зграпчува садот со јогурт од полицата и луто им го истура над главите.
Иранското правосудство соопшти дека двете жени биле приведени затоа што ја покажале својата коса, што е нелегално во Иран. Мажот исто така е уапсен поради нарушување на јавниот ред и мир.
Remarkable video: An Islamist morality police in Mashhad, Iran pours yogurt over the heads of two women for not wearing hejab.
In a previous era the shopkeeper may have been afraid to intervene against government thugs, but times have changed in Iran. pic.twitter.com/4PWu4btPhl
— Karim Sadjadpour (@ksadjadpour) March 31, 2023
Апсењата следеа по повеќемесечните демонстрации во земјата со кои се бараше прекин на задолжителното носење хиџаб.
На видеото во продавницата се гледаат жени кои чекаат да бидат услужени. Човек кој изгледа како да поминува влегува и им се спротивставува. Откако им зборува ги напаѓа со јогурт. Напаѓачот потоа е истуркан од продавницата од продавачот.
Се додава дека на сопственикот на продавницата му биле издадени „неопходни известувања“ за да се обезбеди почитување на законот.
Неносењето хиџаб во јавност е забрането за жените во Иран. Но, гневот и фрустрацијата со законот доведоа до несогласувања во иранското општество.
Демонстрациите се проширија низ Исламската Република во септември по смртта на Махса Амини, 22-годишната девојка која беше приведена од полицијата за морал во Техеран поради наводно „непрописно“ носење хиџаб.
Во саботата, иранскиот претседател Ебрахим Раиси повтори дека Иранките треба да носат хиџаб како „верска потреба“.
„Хиџабот е законска работа и неговото почитување е задолжително“, рече Раиси.
Шефот на иранското правосудство, Голамхосеин Мохсени Аџеи, предупреди дека сите жени кои не носат превез „ќе бидат казнети“ за кршење на системот на Исламската Република и неговите вредности.
„Откривањето е непријателски чин против нашите вредности“, рече Аџеи, како што пренесуваат порталите, додава агенцијата ДПА.