сабота, 27 јули 2024

Иран збогатува ураниум во подземна лабораторија

Објавено на

часот

Сподели

Операциите во објектот што неодоливо личи на бункер, јужно од Техеран, јавува весникот „Кајхан“, се мали во споредба со главниот објект за збогатување ураниум на Иран. Но центрифугите во подземните лаборатории се сметаат за поефикасни и се заштитени од воздушно набљудување и бомбардирање со речиси 90 метри планински карпи.

Збогатувањето ураниум е сржта на меѓународните несогласувања околу иранската нуклеарна програма. САД и нивните сојузници се плашат дека Иран може да ги употреби капацитетите за збогатување за да развие висококвалитетен нуклеарен материјал за боеви глави.

Иран, кој тврди дека развива нуклеарни реактори само за енергија и за истражувања, цврсто застана во одбрана од сè посилните притисоци, вклучувајќи ги и американските санкции чија цел е Иранската централна банка, во обид да им ја отежни продажбата на нафта.

„Врховните власти инсистираат дека доколку непријателите го блокираат извозот на нашата нафта, нема да дозволиме ни капка нафта да пројде низ Хормушкиот теснец. Ова е стратегијата на Исламската Република за справување со таквите закани“, изјави заменик-командантот на Револуционерната гарда, Али Ашраф Нури, за весникот „Корасан дејли“.

Во моментов е поверојатно дека САД ќе инсистираат на засилен дипломатски и економски притисок врз Иран, отколку да ги засилат заканите за воена акција. Повеќето експерти велат дека не е веројатно дека Иран ќе го затвори теснецот, бидејќи тоа ќе им наштети на нив исто колку и на западните земји.

Весникот „Кахјан“, кој е близок до иранските власти, јави дека започнало инјектирањето ураниумски гас во софистицираните центрифуги во објектот Фордо во близина на светиот град Ком. Изграден во близина на воен објект, Фордо беше долго време чуван во тајност и неговото постоење Иран го призна дури откако беше идентификуван од западните разузнавачи во 2009 година. Објектот има засилен тунел и го чуваат одреди од ракетната одбрана на Револуционерната гарда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ