среда, 23 октомври 2024

Иран: Само прекин на огнот во Газа може да ја сопре нашата одмазда

Само прекин на огнот во Појасот Газа би го одвратил Иран од директна одмазда на Израел поради убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, кажале тројца високи ирански функционери, пренесува денес Ројтерс. Иран вети одговор на убиството на Ханија, кој се случи на крајот на јули додека беше во посета на Техеран, а за кое го обвинува Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел не потврди ниту негираше дека е одговорен за убиството.

Во меѓувреме американската воена морнарица распореди воени бродови и нуклеарна подморница на Блискиот Исток за да ја зајакне одбраната на Израел.

Висок ирански безбедносен функционер кажал дека Иран, заедно со сојузниците, ќе почне директен напад ако преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа не успеат или ако добие впечаток дека Израел ги одолговлекува преговорите.

Изворите не кажале колку долго Техеран ќе дозволи да се преговара пред да одговори. Преговорите би требало да почнат во четврток во Египет или во Катар.

По убиствата на Ханија и командантот на Хезболах Фуад Шукур во Бејрут, Иран во последните денови води интензивен дијалог со западните земји и САД за да ја ограничи својата одмазда, кажале изворите, кои сакале да останат анонимни.

Американскиот амбасадор во Турција потврди дека Вашингтон бара од сојузниците да помогнат да се убеди Иран да ги деескалира тензиите. Три регионални владини извори кажале дека со Техеран се разговара за да се избегне ескалација пред преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Се надеваме дека нашиот одговор ќе има тајминг и ќе биде извршен на начин кој нема да му наштети на потенцијалниот прекин на огнот“, соопшти во петокот иранската мисија во Обединетите нации. Иранското министерство за надворешни работи порача дека повиците на воздржаност „им противречат на принципите на меѓународното право“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ