сабота, 27 јули 2024

Иран потврди шест кандидати за наследник на претседателот кој загина во хеликоптерска несреќа

Советот на чувари на Иран, кој ги надгледува изборите и законодавството, ги одобри кандидатурите на шестмина претседателски кандидати на предвремените избори кои ќе се одржат кон крајот на месецов по смртта на претседателот Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа, објави иранската државна телевизија.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

На списокот се наоѓа Мохамад Бакер Калибаф, конзервативниот тврдокорен претседател на иранскиот парламент и поранешен командант на Револуционерната гарда, Саид Џалили, конзервативен политичар кој беше поранешен главен преговарач за нуклеарно оружје и четири години ја водеше канцеларијата на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, и конзервативниот градоначалник на Техеран, Алиреза Закани.

На списокот, објавен на државната телевизија од портпаролот на Изборната канцеларија, се наоѓаат и Масуд Пезешкијан, реформски пратеник, Мостафа Пурмохамади, поранешен министер за внатрешни работи, и Амир-Хосеин Газизадех Хашеми, конзервативен политичар.

„Со објавувањето на конечната листа на кандидати, официјално почнуваат нивните изборни активности“, соопшти државната телевизија.

Изборите треба да се одржат на 28 јуни.

Советот ги дисквалификуваше поранешниот тврдокорен претседател Махмуд Ахмадинеџад и поранешниот претседател на парламентот Али Лариџани, истакнат конзервативец, објавија државните медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ