сабота, 27 јули 2024

Иран: Ова се двете пораки што ги добивме од САД

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан рече дека САД испратиле две пораки до Иран во врска со ескалацијата во регионот.

Објавено на

часот

Сподели

„Во првата порака се вели дека САД не се заинтересирани за проширување на војната, а во втората порака се бара од Иран да се воздржи и инсистира Иран да побара и од другите земји и другите страни да се воздржат“, рече Абдолахиан за време на прес-конференција во Техеран.

„САД велат дека не се заинтересирани за проширување на војната, но во последните две недели покажаа дека се вклучени во проширувањето и ескалацијата на конфликтот во Газа со испраќање илјадници пратки оружје и целосна поддршка на ционистичкиот режим“, додаде тој.

Иранскиот министер за надворешни работи го обвини американскиот претседател Бајден за, како што рече, „лицемерниот“ американски став по прашањето за човековите права во Газа.

Тој праша дали „смртта на повеќе од 5.000 цивили, жени и деца, повеќе од 20.000 ранети и стотици илјади бездомници се резултат на човековите права за кои зборува Бајден“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ