сабота, 27 јули 2024

Иран: Ова е крајот на Израел

„Им порачуваме на Американците и нивните израелски пријатели – денес испраќате ракети кои убиваат невини цивили. Партнери сте во злосторство кое ќе биде казнето, бидејќи ова е крајот на Израел“, рече Ебрахим Раиси, претседател на Иран.

Објавено на

часот

Сподели

„Секоја капка палестинска крв ги приближува ционистите до нивниот пад, а ционистичкиот режим не може да ги компензира своите порази со овие злосторства. Кое човечко суштество го прифаќа ова грозоморно злосторство? Убивање жени и деца, напади на болници – ова го означува крајот ционистичкиот режим“, рече тој пред демонстрантите во Техеран.

Пред два дена, врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи рече дека „геноцидот“ врз Палестинците во Појасот Газа мора „веднаш“ да престане. Израел вети дека ќе го уништи движењето Хамас, кое е поддржано од Техеран, кое владее со Газа, откако милитантите на Хамас го нападнаа Израел на 7 октомври, убивајќи 1.300 луѓе, главно цивили, во најсмртоносниот ден во 75-годишната историја на земјата.

„Никој не може да се спротивстави на муслиманите и силите на отпорот ако продолжат злосторствата на ционистичкиот режим против Палестинците… бомбардирањето на Газа мора веднаш да престане“, изјави Хамнеи пред група студенти во Техеран. „Светот е сведок на геноцидот на ционистичкиот режим врз Палестинците во Газа“, рече тој меѓу извиците: „Смрт за Израел“.

„Мораме да одговориме, мора да реагираме на она што се случува во Газа“, рече Хамнеи, додавајќи дека на израелските власти треба да им се суди за нивните „злосторства против Палестинците во Газа“.

Израел го бомбардираше Појасот Газа во воздушни напади во кои загинаа повеќе од 2.800 Палестинци, од кои една четвртина деца, а приближно половина од 2,3 милиони жители на Газа беа принудени да ги напуштат своите домови.

Израелските власти воведоа целосна блокада на енклавата, блокирајќи ја храната, горивото и медицинските резерви, кои набрзо ќе се потрошат.

Израел ќе се соочи со уште еден ударен бран на отпор доколку неговите „ѕверства“ не престанат во Газа, иранските државни медиуми го цитираа заменик-командантот на иранската Револуционерна гарда. „Ударите на фронтот на отпорот против ционистичкиот режим (Израел) ќе продолжат се додека овој канцероген тумор не биде искорен од светската карта“, рече Али Фадави.

„Уште еден ударен бран е на пат доколку Израел не стави крај на злосторствата во Газа“, предупреди тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ