сабота, 27 јули 2024

Иран отвора амбасада во Ријад, а Саудиска Арабија во Техеран

Објавено на

часот

Сподели

Изјавата следува по подобрувањето на односите на тие две земји по повеќегодишното непријателство, пренесува Ројтерс.

Иранската амбасада во Ријад и саудиската во Техеран се затворени од 2016 година.

„За време на последниот телефонски разговор меѓу министрите за надворешни работи на Иран и Саудиска Арабија по повод Рамазанскиот бајрам, се договоривме во следните денови да работиме на повторно отворање на иранската и саудиската амбасада во Техеран и Ријад“, кажа шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолајан.

На прашањето дали наскоро ќе се случи посета на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на Сирија, Амирабдолајан го потврди тоа, но не прецизираше датум. Тоа ќе биде прва посета на ирански претседател на сирискиот лидер Башар ал Асад од избивањето на војната во Сирија во 2011 година.

Односот на Саудиска Арабија и Иран почна да се влошува во 2015 година по интервенцијата на Саудијците и Обединетите Арапски Емирати во војната во Јемен, откако хутите, кои се поврзани со Иран, ја урнаа владата поддржана од Ријад и ја преземаа контролата над главниот град Сана.

Тензиите меѓу двата регионални ривали поттикнаа конфликти низ регионот, вклучувајќи ја граѓанската војна во Сирија, оценува Ројтерс.

Меѓутоа, Иран и Саудиска Арабија се согласија минатиот месец да ги прекинат своите дипломатски препирки и да ги обноват дипломатските мисии со посредство на Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ