недела, 12 мај 2024

Иран откри дека има нови беспилотни летала камикази (ВИДЕО)

Војската на Иран го претстави новото беспилотно летало камикази дизајнирано да лета во цели и да експлодира, како оние што ги користеше Русија во војната во Украина.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според државната новинска агенција Тасним, новото иранско беспилотно летало, чие име сѐ уште не е објавено, е сличен на рускиот дрон Зала Лансет, кој првпат беше произведен во 2020 година.

Иран тврди дека постигнал голем напредок во производството на беспилотни летала во последниве години, руските сили интензивно користат беспилотни летала од иранско производство во нивната инвазија на Украина.

Соединетите држави, Велика Британија и Канада во четвртокот воведоа нови санкции за Техеран, насочени кон производство и извоз на беспилотни летала, по иранските воздушни напади врз Израел. Иран гневно ги осуди санкциите.

„Овие санкции нема да влијаат на нашата волја, напротив… тие само ќе ја зајакнат волјата на нашата воена моќ и независност“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани.

Канаани тврди дека Иран има легитимно право да се вооружува во одбрана на земјата, исто како што има легитимно право да преземе воена акција против непријателска агресија како што е Израел.

Иранските напади врз Израел уследија по наводниот израелски воздушен напад врз комплексот на иранскиот конзулат во Дамаск, во кој загинаа, меѓу другите, високи офицери на Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ