сабота, 27 јули 2024

Иран објави дека запленил два грчки танкери во Персискиот Залив

Објавено на

часот

Сподели

Чуварите на револуцијата во соопштението објавено на нивниот сајт истакнаа дека нивните поморски сили „денес запленија два грчки нафтени танкери во Персискиот Залив поради направени прекршоци“. Претходно Иран повторно побара „веднаш да прекине“ запленувањето на бродот со иранска нафта кој Грција на барање на Соединетите Американски Држави го држи од средината на април.

Врз основа на санкциите на ЕУ поради војната во Украина, грчките власти на 19 април кај островот Евија го запленија рускиот танкер Пегаз, кој неколку дена подоцна го смени името во Лана.

Според тогашните информации, танкерот превезувал 115.000 тони иранска нафта.

Во средата портпаролка на грчката пристанишна полиција кажа дека „нафтата ќе се превезе во САД на барање на американското правосудство“.

Иранското министерство за надворешни работи го повика во петокот швајцарскиот вршител на должноста кој ги застапува американските интереси поради прекинот на дипломатските врски меѓу Вашингтон и Техеран по иранската револуција во 1979 година.

Техеран го обвини Вашингтон за „јасно кршење на поморското право и меѓународните конвенции“ и повика „веднаш да се укине запленувањето на бродот и неговиот товар“.

Иран истакна дека се противи на „притисокот и интервенцијата на американската влада“ кои доведоа до запленувањето на бродот кој е „под суверенитетот на Исламската Република“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ