сабота, 27 јули 2024

Иран објави дека успешно лансирал сателит

Иран објави дека успешно лансирал сателит во највисока орбита досега, како дел од програмата за која Западот стравува дека може да ги унапреди балистичките ракети на Техеран. Објавата доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток поради израелската војна против Хамас во Појасот Газа и неколку дена по меѓусебните воздушни напади на Иран и Пакистан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сателитот Сораја беше поставен во орбитата на приближно 750 километри над површината на Земјата со трифазна ракета, соопшти државната новинска агенција ИРНА, но не даде веднаш детали за намената на сателитот.

Лансирањето е дел од вселенската програма на Иранската револуционерна гарда и цивилната вселенска програма на Иран, објави ИРНА.

Не е независно потврдено дека Иран успешно лансирал сателит во орбитата.

Соединетите Држави претходно рекоа дека лансирањето на иранскиот сателит ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и го повика Техеран да не ги продолжува активностите, кои вклучуваат балистички ракети способни да носат нуклеарно оружје.

Санкциите на ОН поврзани со иранската програма за балистички проектили истекоа во октомври минатата година. Според процената на американската разузнавачка заедница од 2023 година, развојот на возила за лансирање сателити „го намалува времето потребно“ за Иран да развие интерконтинентална балистичка ракета, бидејќи користи слична технологија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ