сабота, 27 јули 2024

Иран: Нема да одговориме на безначајниот израелски напад

Иран не планира да одговори на израелскиот напад на воздухопловната база во централен Иран, кажа денес портпаролот на министерството за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Инцидентот беше диверзантски маневар и не вреди да се спомнува“, кажа портпаролот на министерството Насер Канани, пренесува државната новинска агенција ИРНА.

Акцијата беше толку безначајна што ни самите Израелци не сакаа да преземат одговорност за неа, кажа портпаролот. Канани додаде дека Иран не сака ескалација на тензиите во регионот, но дека ќе одговори на секоја идна израелска агресија.

Повеќе американски медиуми јавија дека Израел минатиот петок гаѓаше база на воздухопловните сили во покраината Исфахан, во близина на иранските нуклеарни постројки.

Израел не го коментираше нападот официјално. Тој следеше по иранскиот напад на Израел во кој беа испукани и испратени повеќе од 300 проектили и дронови.

На нападот му претходеше убиството на двајца ирански генерали во напад на зграда на амбасадата во сирискиот главен град Дамаск, најверојатно извршен од Израел.

Канани истакна дека по нападот во Исфахан нема да има ревизија на нуклеарната политика на земјата.

„Нема место за нуклеарно оружје во иранската одбранбена стратегија и нашата нуклеарна програма и понатаму ќе биде во согласност со меѓународните прописи“, кажа Канани, а пренесува новинската агенција Тасним.

Лицето задолжено за нуклеарната безбедност на земјата, Ахмад Хахталаб минатата недела кажа дека по нападот во Исфахан „би била можна и замислива ревизија на нуклеарната доктрина и политика на Исламската Република“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ