сабота, 21 декември 2024

Иран: Не испративме балистички проектили во Русија, европските санкции се незаконски

Иран ги осуди новите санкции на ЕУ и Велика Британија против Техеран и негираше испорака на балистички проектили на Русија, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, во објава на Икс.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европската унија вчера договори да воведе санкции за седум поединци и седум организации, вклучително и авиокомпанијата Иран Ер, поради нивната поврзаност со иранскиот пренос на проектили во Русија.

На листата се Саха Ерлајнс и Махан Ер, како и заменик-министерот за одбрана на Иран Сејед Хамзе Галандари.

Минатиот месец, САД, повикувајќи се на разузнавачки информации за кои рекоа дека биле споделени со сојузниците, рекоа дека Русија добила балистички проектили од Иран за војната во Украина.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи денеска негираше дека неговата земја ѝ доставиала балистички проектили на Русија.

„Некои европски земји и Обединетото Кралство, за жал, без докази тврдат дека Иран воено интервенирал во овој конфликт, што е во целост демантирано“, рече Багеи, мислејќи на руско-украинската војна.

Багеи ги осуди новите санкции, велејќи дека наметнувањето нови санкции од страна на Европската унија и Обединетото Кралство врз ирански поединци и субјекти е спротивно на меѓународното право.

Според оваа мерка на ЕУ, со санкциите се опфатени и истакнати функционери на Исламската револуционерна гарда.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имот и забрани за патување во Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ