сабота, 27 јули 2024

Иран: Нашиот одговор кон Израел ќе биде контролиран и нема да предизвика ескалација

Иран му сигнализираше на Вашингтон дека на израелскиот напад врз неговата сириска амбасада ќе одговори на начин со што ќе се избегне ескалација и нема да дејствува избрзано.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иранската порака на САД им ја пренесе министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан за време на посетата на Оман во неделата, пишува Ројтерс. Таа заливска земја често дејствува како посредник меѓу двете непријателски земји.

Белата куќа не коментираше дали добила пораки од Иран, но објави дека САД го известиле Техеран дека не учествувале во нападот на амбасадата во Дамаск.

Извор од американската разузнавачка заедница не знае за пораката испратена преку Оман, но за Ројтерс изјави дека Иран „бил многу јасен“ дека неговиот одговор ќе биде „контролиран“ и дека ќе избегне ескалација.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи во средата рече дека Израел „мора да биде казнет“ и дека тоа ќе се случи. Израел не ја потврди одговорноста за нападот врз амбасадата, но тоа го соопшти Пентагон.

Во нападот загина ирански генерал, а се работи за голема ескалација на тензиите што се проширија во регионот од почетокот на војната во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ