сабота, 27 јули 2024

Иран му се закани на Израел, Бајден се враќа порано во Вашингтон

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе се врати во Вашингтон за да разговара со својот тим за национална безбедност, еден ден откако изјави дека очекува ирански напад врз Израел.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Белата куќа објави дека Бајден го прекинал престојот во Делавер за да разговара за кризната ситуација на Блискиот Исток, пренесува Ројтерс.

Техеран вети одмазда за израелскиот напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск минатата недела, во кој беше убиен висок командант на прекуокеанските сили Кудс на Иранската револуционерна гарда и шест други офицери.

Во петокот, Бајден го предупреди Иран да не се одмаздува иако рече дека нападот може да биде неизбежен. „Ние сме посветени на одбраната на Израел и ќе го поддржиме. Ќе помогнеме во одбраната на Израел и Иран нема да успее“, изјави Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ