петок, 26 јули 2024

Иран: Лансиравме и ракети и дронови кон Израел

Иран лансираше беспилотни летала и ракети кон Израел, објави Иранската револуционерна гарда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението цитирано од државните медиуми, разгранок на иранските вооружени сили соопшти дека гаѓале одредени локации во Израел со десетици беспилотни летала и проектили.

Израелските медиуми објавија дека беспилотните летала би можеле да почнат да пристигнуваат околу 2 часот по локално време (1 часот по полноќ по наше време), но проектилите би можеле да пристигнат и порано.

„Како одговор на злосторството на ционистичкиот режим при нападот на конзуларното одделение на иранската амбасада во Дамаск, воздухопловните сили на Револуционерната гарда погодуваат одредени цели на териториите на ционистичкиот режим со десетици беспилотни летала и проектили“, соопшти Иранската револуционерна гарда.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, објави видео на Икс (Твитер) во кое вети дека „злонамерниот ционистички режим на Израел“ ќе биде казнет.

„Овој злонамерен режим на своите грешки им додаде уште една грешка со нападот на иранскиот конзулат во Сирија. Конзулатите и амбасадите во која било земја каде што постојат се сметаат за територија на земјата на која амбасадата ѝ припаѓа. Нападот на нашиот конзулат е како напад на нашата територија. Злонамерниот режим направи погрешен потег во овој случај, и ќе биде казнет.“

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ