сабота, 27 јули 2024

Иран лансираше дронови кон Израел со по 20 кг експлозив (ВИДЕО)

Техеран врши одмазднички напади по смртоносниот воздушен напад месецов во кој загинаа двајца ирански генерали, пренесоа светските агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските медиуми објавија дека Иран лансирал беспилотни летала кон Израел. Тоа го потврди и портпаролот на израелските одбранбени сили, Даниел Хагари.

Во јавното обраќање тој ги предупреди граѓаните кога ќе слушнат сирени да одат во засолништата и таму да чекаат дополнителни информации, како и да се информираат исклучиво преку официјални канали и да не се шират гласини. Хагари рече дека на беспилотните летала им треба некое време да стигнат до Израел и дека тоа се очекува за неколку часа.

Пензионираниот генерал Амос Јадлин за израелскиот Канал 12 изјави дека беспилотните летала се опремени со по 20 килограми експлозив и дека израелската противвоздушна одбрана е подготвена да ги собори.

Канал 12 објави дека Иран лансирал десетици беспилотни летала кон цели во Израел и дека нивниот лет се очекува да трае со часови.

Неколку беспилотни летала се видени како летаат од правец на Иран над ирачката провинција Сулејманија, рекле три безбедносни извори за Ројтерс.

Странските агенции јавија дека Ирак, Јордан и Израел го затвориле својот воздушен простор.

Јорданските вооружени сили се во состојба на висока готовност и ќе ги соборат сите ирански беспилотни летала или авиони што ќе го нарушат неговиот воздушен простор, рекле за Ројтерс двајца безбедносни претставници.

Даниел Хагари рече дека Израел е „добро подготвен“ за нападот.

„Однапред се подготвивме за различни сценарија. За да ги пресретнеме тие лансирања, имаме силна заштита, и морнарицата и воздухопловните сили.“

Тој додаде дека на дронот ќе му требаат неколку часа за да стигне до Израел и дека сирените ќе се огласат ако некоја област е загрозена.

„Ќе се обидеме да ги спречиме да стигнат до израелска територија, тоа е наша задача“, рече тој.

„Ако влезат во израелскиот воздушен простор, тогаш ќе слушнете сирени“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ