понеделник, 10 март 2025

Иран: Ќе преговараме со САД само без притисок и закани

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи синоќа во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека неговата земја ќе преговара со САД само без притисок или закани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нуклеарната програма на Иран отсекогаш била – и секогаш ќе остане – само за мирољубиви цели“, рече тој. „Затоа, во основа не постои такво нешто како нејзина ‘потенцијална милитаризација’“.

Арагчи додаде дека Иран во моментов преговара со европските земји, како и со Русија и Кина.

„Во моментов сме во разговори со Е3 – и одделно со Русија и Кина – на еднаква основа и со взаемно почитување. Целта е да се истражат начини за градење поголема доверба и транспарентност во нашата нуклеарна енергетска програма во замена за укинување на незаконските санкции“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека испратил писмо до иранското раководство во четвртокот, изразувајќи надеж дека Иран е подготвен да преговара за својата нуклеарна програма. Во интервју за Фокс бизнис, Трамп рече дека претпочита преговори со Иран, но нема да се двоуми да дејствува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ