сабота, 27 јули 2024

Иран ќе го затвори Хормушкиот теснец поради ембаргото од ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Веста доаѓа како одговор на одлуката на Европската унија дека ќе воведе нафтно ембарго против Иран поради наводната програма за нуклеарно вооружување.

„Притисокот на санкциите е обид да се обезбедиме дека Иран сериозно ќе го сфати нашето барање да се врати на преговарачката маса“, изјави Кетрин Ештон, шефот на надворешната политика на ЕУ.

Сепак, во комбинација со одлуката на Вашингтон да испрати втор носач на авиони во Персискиот залив, обидот на ЕУ да се стави економски притисок врз Иран може прилично да ги зголеми шансите за почеток на војна во регионот.

Хормушкиот теснец е витална врска помеѓу Персискиот залив и Оманскиот залив. Тој е и една од најстратешките точки во светскиот транспорт на нафта. Дневниот проток на нафта во светот за 2011 се проценува на 88 милиони барели, а Американците пресметале дека 17 милиони од нив минуваат низ теснецот.

Доколку економските санкции доволно ги притиснат Иран за да го затворат преминот, речиси 20 отсто од светската тргувана нафта ќе бидат засегнати, а резултатот ќе биде драстично зголемување на светските цени на енергенсите.

Останува надежта дека последното затегнување на односите помеѓу Иран и Западот ќе го натера Иран да преговара за програмата за збогатување ураниум.

Меѓутоа, стратегијата на ЕУ да се избегне „хаосот во регионот“ преку стегање на економската јамка околу Иран може да биде искрата што ќе го потпали огнот кој тие сега се обидуваат да го избегнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ