Се претпоставува дека наскоро следи најавениот напад на Израел, јавуваат израелските медиуми.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес на самитот на државите Г7 кажа дека напад на Иран и милитантната група Хезболах на Израел би можел да почне денес.
Исто така и според Барак Равид за медиумот Аксиос од неделата, нападот би можел да се случи денес, како што изјави тој повикувајќи се на три американски и израелски функционери.
Во споредба со иранскиот напад на 13 април, Израел овој пат очекува „поагресивен“ напад, изјавил израелски функционер за Си-би-ес.