сабота, 27 јули 2024
Опасна ескалација на Блискиот Исток

Иран им предаде балистичка ракета на Хутите

Иранската полуофицијална новинска агенција Тасним објави дека Иран им ја ставил на располагање на јеменските Хути својата балистичка ракета Гадр, која се лансира од море.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Иранската балистичка ракета која се лансира од море, наречена Гадр, сега е ставена на располагање на јеменските борци“, објави Тасним.

„Сега ракетата стана оружје способно да постави сериозни предизвици за интересите на Соединетите држави и нивниот главен сојузник во регионот, ционистичкиот режим“, објави Тасним.

Иранското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар. Иран ги поддржува Хутите, но постојано негираше дека ја вооружува групата.

Хутите, со цел да покажат поддршка за Палестинците во војната во Газа, ги напаѓаат водните патишта во и околу Црвеното Море, со тоа влијаат на поморската рута од витално значење за светската трговија.

Според американската канцеларија на директорот на националното разузнавање, Иран има најголем број балистички ракети во регионот. Исто така е главен производител на дронови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ