„Неколку земји побараа од Ансарулах (Хутите) привремен прекин на огнот за влез на шлепери и спасувачки бродови во областа на инцидентот“, објави иранската мисија.
Портпаролот на јеменските Хути, Мохамед Абдулсалам, изјави за Ројтерс дека нема привремено примирје, туку дека групата одобрила само спасување на Сунион по апелот на неколку меѓународни групи.
„Неуспехот да се обезбеди помош и да се спречи излевање на нафта во Црвеното Море произлегува од негрижата на одредени земји, а не од загриженоста за можноста да бидат цел“, додаде иранската мисија.
Сунион минатата недела беше цел на неколку проектили во близина на јеменскиот пристанишен град Ходеида, а по пожарот се чини дека од танкерот истекува нафта, изјави во вторникот портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
Според него, трета страна се обидела да испрати два шлепери за да помогне во спасувањето на Сунион, но Хутите се заканиле дека ќе ги нападнат.
Хутите претходно ја презедоа одговорноста за нападот на Сунион, а групата напаѓа бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив од ноември минатата година, во знак на солидарност со Палестинците кои се соочуваат со израелски напади во Појасот Газа.