среда, 23 октомври 2024

Иран: Хеликоптерот во кој загина Ебрахим Раиси се урнал поради временските услови

Хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси е предизвикана од лошите временски услови и густата магла.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој се сметаше за потенцијален наследник на врховниот лидер Али Хамнеи, загина кога неговиот хеликоптер се урна во планински регион во близина на границата со Азербејџан.

„Главната причина за падот на хеликоптерот биле комплицираните временски услови во регионот“, соопшти иранската државна телевизија.

Раиси загина во мај кога неговиот хеликоптер се урна во планински регион во северозападен Иран.

Загинаа уште седум лица, меѓу кои и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Според прелиминарната истрага што ја спроведе иранската војска во мај, не се пронајдени докази дека хеликоптерот се урнал поради можен напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ