петок, 10 јануари 2025

Ирак разоружа 2.000 Асадови војници и ги врати во Сирија

Ирак вчера врати речиси 2.000 сириски војници во нивната татковина, се вели во соопштението за печатот на ирачката армија. Станува збор за војници кои побараа засолниште во Ирак за време на напредувањето на бунтовничките сили, кои претходно овој месец го соборија претседателот Башар ал Асад.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сириските војници се вратени на нивно барање и влегоа преку граничниот премин Ирак-Сирија, се вели во соопштението. „Во координација со некои актери од сириската страна, 1.905 сириски офицери и војници беа легално предадени на силите од сириската страна на граничниот премин Ал-Каим“, стои во соопштението.

Нивното оружје останува во сопственост на ирачкото Министерство за одбрана и ќе биде предадено на новата сириска влада кога ќе биде формирана, се додава. Војниците ја преминаа границата со Ирак непосредно пред сириските бунтовници предводени од Ахмед ал-Шара да го заземат главниот град Дамаск без отпор на 8 декември по молскавичното напредување кое го принуди Асад да побегне во Русија.

Сириската висока команда на чело со Шара назначи привремена влада со Мохамад ал Башир за премиер. Ирачката армија соопшти дека сириските сили биле вратени откако им било ветено дека ќе бидат вклучени во амнестијата издадена од новата сириска влада.

„Ирачките безбедносни сили ги повикуваат актуелните сириски власти да се грижат за вратените офицери и војници, да ги вклучат во амнестијата и да обезбедат нивно враќање во семејствата кои ги чекаат, во согласност со стандардите за човекови права и со добра волја“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ