понеделник, 13 мај 2024

Ирак ги криминализира истополовите врски: Воведува максимална казна од 15 години затвор

Парламентот на Ирак вчера усвои закон за криминализирање на истополовите врски, со кој се воведува максимална казна од 15 години затвор за ова кривично дело.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во текстот на законот се наведува дека тој има за цел „да го заштити ирачкото општество од морално распаѓање и да предупреди против хомосексуалноста што го зафати светот“.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека законот усвоен од ирачкиот парламент со кој се криминализираат истополовите врски ги загрозува човековите права и слободи и ќе ја ослабне способноста на Ирак да ја диверзифицира својата економија и да привлече странски инвестиции.

„Овој амандман им се заканува на оние кои се најзагрозени во ирачкото општество. Тој може да се користи за да се попречи слободата на говорот и изразувањето и да се спречи работата на невладините организации низ Ирак“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Парламентот на Ирак во саботата усвои закон за криминализирање на истополовите врски со максимална затворска казна од 15 години, велејќи дека тој има за цел да ги поддржува верските вредности. Застапниците за правата го осудија законот како најнов напад врз ирачката ЛГБТ заедница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ