сабота, 27 јули 2024

Ирачки Хезболах се приклучи во прекинот на огнот и ги намалува нападите врз американските сили

Објавено на

часот

Сподели

Бригадите на ирачки Хезболах најавија и „намалување на темпото на ескалација на нападите“ против американските сили во Ирак и Сирија, пишува Тајмс оф Израел.

Иран и паравоените групи што тој ги поддржува извршиле најмалку 73 напади врз базите на САД и на коалицијата во Ирак и Сирија од 17 октомври, според Си-ен-ен.

Бригадите на Хезболах, шиитска паравоена организација директно контролирана од иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), се една од неколкуте ирачки шиитски групи со присуство во југозападна Сирија и јужен Либан, кои наводно вршеа напади по 7 октомври, заедно со Хамас и либански Хезболах.

Либански Хезболах претходно соопшти дека ќе го почитува привремениот прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ