сабота, 27 јули 2024

Ирачанецот Салван Момика, кој палеше Куран во Шведска, е уапсен во Норвешка, му се заканува депортација

Норвешката полиција го уапси ирачкиот активист и организатор на собири за палење на Куран Салван Момика и ќе го депортира во Шведска. „Депортирањето ќе се изврши веднаш штом ќе се создадат формални и практични услови“, се наведува во пресудата на Окружниот суд во Осло.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се забележува дека Момика е уапсен на 28 март, откако за шведските медиуми изјави дека заминал во Норвешка да бара азил, бидејќи „Шведска не го почитува“, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ. „Шведска прифаќа само терористи на кои им е одобрен азил и заштита, додека депортира филозофи и мислители“, рече тогаш Момика.

Дозволата за привремен престој во Шведска на Момика бму еше одземена во октомври минатата година поради давање неточни информации при пријавата, а до 16 април му беше одобрена нова дозвола за привремен престој, бидејќи поради загрозеност не може да биде депортиран во родната земја.

Во последниве години, Момика стои зад голем број палења на Куранот низ Шведска, од кои неколку доведоа до немири. Тој пристигна во Шведска во 2018 година, а тригодишна виза за престој доби во април 2021 година.

Арапските медиуми пишуваат дека Момика, 37-годишен христијанин од областа Ал Хамдани, источно од Мосул, е „опортунист желен за вниманието на јавноста“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ