сабота, 27 јули 2024

ИПИС: Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова силите ќе ги одмерат во вториот изборен круг на 8 мај, произлегува од анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања – ИПИС, спроведена овој месец на ниво на државата, а објавена во синоќешната емисија Објектив на МРТ. Рејтингот на Силјановска-Давкова во моментов е повисок од тој на Пендаровски. Што се однесува до парламентарните избори, според анкетата, извесна е двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ и блага предност на ДУИ пред Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Разликата во рејтингот меѓу кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски се зголемила за 1,45% за еден месец и од 8,75% во февруари, сега изнесува 10,20%, покажува анкетата.

Од анкетираните граѓани 24,6% одговориле дека ќе гласаат за Силјаноска Давкова, а 14,4% се изјасниле за актуелниот претседател По нив следат Бујар Османи со 7,0% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5%,  а 0,7 отсто се изјасниле за Стевчо Јакимовски.

Што се однесува до парламентарните избори, според анкетата на ИПИС, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ може да освои помеѓу 52 и 54 места во парламентот, а коалицијата на СДСМ од 26 до 30 пратеници.

Левица би освоила 5 до 6 пратенички места, ЗНАМ-за наша Македонија 5 до 6 пратенички места, ДУИ 17 до 18 пратенички места, Алијанса за Албанците (АА) 3 до 4 пратенички места, Европски сојуз за промени (Вреди) 9 до 12 пратенички места.

По изборни единици:

Во Изборна единица 1 – ВМРО-ДПМНЕ би освоила 9 пратеници, СДСМ 4-5, Левица 1-2, ДУИ 2-3, АА 0, ЕСП, 1-2, ЗНАМ 1.

Во Изборна единица 2 – ВМРО-ДПМНЕ би освоила 8 пратенички мандати, СДСМ 4, Левица 1, ДУИ 3, АА 0, ЕСП 2, ЗНАМ 2.

Во Изборната единица 3 – ВМРО-ДПМНЕ би освоила 12 пратенички мандати, СДСМ 6, Левица 1, ДУИ 0, АА 0, ЕСП 0, ЗНАМ 1.

Во Изборната единица 4 – ВМРО-ДПМНЕ би освоила 11-12 пратенички мандати, СДСМ 6-7, Левица 1, ДУИ 0, АА 0, ЕСП 0, ЗНАМ 1.

Во Изборната единица 5 – ВМРО-ДПМНЕ би освоила 9 пратенички мандати, СДСМ 5-6, Левица 1, ДУИ 2-3, АА 1 , ЕСП 0-1, ЗНАМ 0-1.

Во Изборната единица 6 – ВМРО-ДПМНЕ би освоила 3-4 пратенички мандати, СДСМ 1-2, Левица 0, ДУИ 7-8, АА 2-3, ЕСП 6-7, ЗНАМ 0.

Испитаниците во анкетата биле прашани и дали сметаат дека треба да има промена на актуелната власт или дали таа треба да остане. Во одговорот 64,4 отсто од испитаниците кажале дека треба да се промени, 17,9 отсто одговориле дека таа треба да остане, а речиси исто толку – 17,7 отсто кажале дека немаат одговор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ