сабота, 27 јули 2024

Инженерите ги бараат на увид документите за стратешките енергетски инвестициски проекти

Здружението на инженери на Македонија денеска до правобранителството и до сите правобранители поединечно упати барање за пристап до информации од јавен карактер за увид во актите со кои се дадени позитивни мислења по предлог-договорите за стратешки инвестициски енергетски проекти како и предлог законите со кој се уредува реализацијата на овие проекти, врз основа на кои Владата ги има донесено одлуките за утврдување статус на 12 стратешки инвестициски проекти.

Објавено на

часот

Сподели

Инженерите ги бараат одлуките за утврдување на статус на стратешки инвестициски проект на фабрика за производство на зелена енергија, ветерна електрана – Вирови, сончева електрична централа – Ерџелија, соларен парк Стипион, Грид-тиед солар плант, ХЕЦ Солар, фотоволтаични електрани во КО Јамуларци и КО Скандалци, Митилинеос когенеративна постројка Скопје, ски Центар Тетово Попова Шапка, фотоволтаична централа Балдовенци, Ениас ветерна електрана и Аим греен ТЕЦХ.

Се бараат и датумите кога до Владата се испратени барањата за мислење од Комисијата за стратешки инвестициски проекти, како и датумите кога се  доставени позитивните мислења за сите 12 претходно наведени предлог-договори за стратешки инвестициски проекти како и предлог закони со кои се уредува реализацијата на овие проекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ