петок, 19 април 2024

Инженери со шишиња вода ќе протестираат под мотото Чебрен и водите мора да бидат македонски

Под мотото „Чебрен и водите мора да бидат македонски“ денеска од 11 до 11:30 часот, инженери од сите македонски градови ќе го изразат своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот ППЦ-Архиродон. Незадоволството на македонските инженери – енергетичари е јасен сигнал упатен кон јавноста и Владата дека мора да се преиспита и да се повлече донесената штетна одлука. Тие се подготвени во отворена дебата да ги конфронтираат своите со ставовите на сите оние кои во улога на владини советници ја подготвиле и донеле оваа штетна одлука“, соопшти Здружението на инженери.

Објавено на

часот

Сподели

Во најавата за протестот се вели:

„Недозволиво да се преговара и договара со било која странска или домашна компанија за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија. Токму хидроцентралата Чебрен, која мора да биде македонска и Македонија да биде нејзин инвеститор, е најголемиот и најважниот енергетски проект со стратегиска важност за одржување енергетската независност на Македонија. Инсталираниот минимален капацитет од 333 MW треба да овозможи Македонија да остане во голема мера енергетски независна после 2028 година, кога поради „Зелената транзиција“ треба да престанат со работа РЕК Осломеј и РЕК Битола.

Исто така, недозволиво е ХЕЦ Тиквеш да е подарува – нашите води не се за продажба! Македонските природни богатства не смеат да се узурпираат и да се распродаваат на домашни и странски компании!

 Манифестацијата на незадоволството на инженерите ќе се реализира преку меѓусебно запознавање, размена на идеи и ставови при што скопјани ќе се соберат кај Камен Мост, битолчани кај Саат Кулата – Магнолија, а инженерите од другите македонски градови ќе се соберат пред нивните градски обележја.

Инженерите упатуваат апел до сите сограѓани да се солидаризираат со нив и да им помогнат да го спречат ова злосторство зашто последиците ќе ги трпат сите македонските граѓани и поколенијата.

На местата на собир инженерите ќе постават шишиња со вода кои после собирот ќе ги понесат со себе што симболично ќе претставува заштита на водите кои се македонско национално богатство“.

 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ