четврток, 26 декември 2024

Инженери од Мако Сигре ја посетија биогасната електрана Сарамзалино

Инженери од реномираното стручно здружение Мако Сигре ја посетија биогасната електрана Сарамзалино, заедничка инвестиција на фирмите Централинвест-Скопје, Агриа-Велес и АСПП-ПАК-Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Инженерите од Мако Сигре, кои работат во различни делови од електроенергетиката во земјава, се интересираа за технологијата на работа на биогасната електрана, опремата која е вградена, нус производите од процесот на производство на електрична енергија, како и за предизвиците во работењето на оваа се уште нова технологија на нашите простори.

Раководните лица на електраната, која е лоцирана на територија на општина Лозово, ги запознаа инженерите со сите фази на произвдството во биогасна електрана, од складирањето на силажа и обезбедувањето отпад со кои се полни дигесторот, биохемискиот процес на вриење при кој настанува гасот метан, неговото складирање во посебен простор, спроведување на гасот и негово согорување без загадување на воздухот во процесот на производство на електрична енергија, и на крај нуспродуктите кои остануваат: течно земјоделско ѓубриво и хумус.

Биогасните електрани се вистински пример на циркуларна економија и затворен производствен процес со нула отпад.

Централинвест, сестринската фирма на Фероинвест, останува општествено одговорна и посветена на зајакнување на стручните знаења на инженерите и споделува заеднички вредности со Мако Сигре а тоа се приближување на академската заедница, индустријата и сите останати чинители во електроенергетскиот сектор и размена на знаења и искуства меѓу нив.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ