сабота, 27 јули 2024

„Инвестираме во нашата планета“ – Макстил ги едуцира основците

Објавено на

часот

Сподели

Едукацијата на основците на тема „Учиме да се грижиме да ја заштитиме животната средина и да го намалиме и рециклираме создадениот отпад“ е дел од проектот „Инвестираме во нашата планета“ со којшто се опфатени повеќе активности поддржани и иницирани од Макстил, а поврзани со заштита на животната средина. Целта на проектот е да се пренесе знаењето за предностите од намалување на отпадот и неговото рециклирање уште од мала возраст и да се алармира за потребата од едукација за значајноста на екологијата во пошироки размери.

„Заштитата на животната средина, рационалната употреба на природните ресурси и рециклирањето се дел од стратешките начела на Макстил. И токму како активен поддржувач на концептот на циркуларна економија го започнавме овој проект, со намера преку едукација на младите да им пренесеме вредни знаења и информации за заедничката улога во спречување на загадувањето, посебно со пластиката, стаклото и хартијата како најголема закана по целокупниот екосистем на нашата планета. На овој начин веруваме дека ќе го зголемиме и прошириме нашето влијание со подигнување на свеста и знаењата за неопходноста од рециклирање што поскоро. Освен со едукација на младите, овие наши начела, продолжуваат и со заложбите за заштита на локалната животна средина во форма на конкретни акции за чистење и раззеленување со што симболично ќе го одбележиме Денот на планетата Земја и со коишто како компанија придонесуваме за одржување на поздрава и еколошка животна средина“, велат од Макстил.

Ваквиот начин на едукација досега се покажа како ефективен, интересот на учениците е голем со што се полесно ја прифаќаат идејата за личното влијание и придонесот кон исполнување на еколошките цели. Со проектот се опфатени сите 11 основни училишта од Општина Гази Баба и едукацијата ќе се одвива до 4 мај оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ