петок, 26 јули 2024

Интервентната полиција ја демонстрираше својата моќ пред министерот Тошковски (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во полицискиот центар „Ѓорче Петров“ ја посети Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје каде од нејзините припадници му беше извршена презентација на дел од опремата и вооружувањето кое го користи Единицата и му беа прикажани неколку показни вежби преку кои беше претставено постапувањето на полициските службеници при разбивање на толпа, пресретнување на возило и приведување на лице од затворен објект.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на МВР се вели дека министерот Тошковски одржа работен состанок со раководството на единицата каде се разговараше за тековните активности и проблеми со кои се соочуваат.

Акцент беше ставен на претстојните избори во чие спроведување Единицата за интервентна полиција има значајна улога од аспект на обезбедување на целокупната безбедност на изборниот процес, се вели во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ