среда, 22 јануари 2025

Интервенција на велешките пожарникари спаси куќа од целосен пожар

Од ТППЕ Велес спречиле од една соба да зафати цела куќа во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Територијалната противпожарна единица Велес утрово во 05:47 била примена дојава за запалена куќа на ул. „Ганчо Хаџи Панзов“ бр. 20, лоцирана во близина на Спомен костурницата од НОВ во Велес. Со наша брза интервенција било спречено огнот од едната соба да ја зафати целата куќа“, информираат попладнево од ТППЕ Велес за МИА.

Тие појаснуваат дека Територијалната противпожарна единица Велес, во гаснењето на огнот во куќата биле ангажирани 2 противпожарни возила и 6 пожарникари спасители.

„По пристигнување на лице место било забележано дека пожарот има зафатено само една просторија, а со нивното брзо пристигнување и брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири и направи поголема штета по куќата“, посочуваат од ТППЕ Велес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ