сабота, 27 јули 2024

Интерпол се вклучи во потрагата по 14 годишната Вања

Објавено на

часот

Сподели

Меѓународната организација на криминална полиција – Интерпол чија цел е да ја олесни соработката помеѓу полициските сили во светот денеска на својата официјална веб страница објави дека се бара 14 гоишната  Вања Ѓорчевска од Скопје.

На потерницата се споделени основните информации за Вања, нејзините физички карактеристики но и информации поврзани со нејзиното семејство како и информации за нејзиното исчезнување.

Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска информираше дека истрагата продолжува интензивно и се преземаат сите мерки и активности за пронаоѓање нз лицето.

„Податоците за исчезнатото лице на 28.11.2023 во 13 часот се ставени на Стоп-листа на граничните премини, а на барање на Министерството за внатрешни работи распишана е меѓународна потерница за исчезнато лице од страна на Интерпол“, се вели во соопштението на МВР.

Од МВР денеска ги демантираа дезинформациите дека 14-годишното девојче наводно е пронајдено во соседна држава. 

Воедно, апелираат да не се шират дезинформации и посочуваат дека постојано ќе ја информираат јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ