сабота, 27 јули 2024
Куп на Италија

Интер за прв пат го елиминираше Јувентус во полуфинале во Копа Италија, Димарко донесе славје (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер е првиот финалист во Купот на Италија, избраниците на Инзаги вечерва со 1-0 го добија реваншот против Јувентус.

„Старата дама“ во претходните пет полуфинални пресметки против лутиот ривал секогаш излегуваше како победник, но сега мораше да се помири со елиминација.

Клучниот момент на мечот се случи во 15. минута, Барела фантастично го проигра Димарко, кој ја затресе мрежата на „старата дама“.

Противник на Интер за трофејот ќе биде подобриот од мечот помеѓу Фиорентина и Кремонезе, „виолетовите“ се фаворити откако го добија првиот натпревар со 2-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ