сабота, 27 јули 2024
Серија А

Интер убедливо го победи Наполи и го исфрли од топ 4 (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Елмас беше стартер на дербито и имаше две шанси во првото полувреме, но не успеа да реализира. Нашиот фудбалер на теренот беше до 75. минута кога беше повлечен од игра.

Интер поведе со гол на Чалханоглу пред самиот крај на првото полувреме.

Во 61. минута Барела со одличен погодок зголеми на 2-0, а точка на мечот стави Турам на пет минути пред крајот.

По 14 кола Интер е прв на табелата со 35 бодови, Наполи има 24 бода, исто колку и Рома, но наполитанците имаат послаба гол разлика и се на петтата позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ