Аталанта беше подобра на почетокот од мечот, се обидуваше да дојде до водство, но откако тоа не се случи примија гол.
На пет минути до крајот на првото полувреме Чалханоглу постигна гол од пенал за водство на Интер од 1-0.
Во 57. минута Интер зголеми на 2-0 со погодок на Лаутаро Мартинез.
Четири минути подоцна Скамака даде гол и ја врати Аталанта во игра, но тоа беше и конечниот резултат, 2-1 за Интер.