сабота, 27 јули 2024
Лига на шампиони

Интер со една нога е во полуфиналето, Бенфика ќе има тешка мисија во Милано (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер направи крупен чекор кон полуфиналето во Лигата на шампионите откако ја доби првата пресметка со Бенфика и тоа на гостински терен.

Резултатот беше отворен по шест минути игра во второто полувреме кога по фантастичен центаршут на Бастони, Барела погоди со глава за водство на Интер од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Лукаку со гол од пенал во 82. минута од натпреварот.

Бенфика ќе има невозможна мисија во реваншот да ја надополни негативата која ја заработи на свој терен, блиску сме да гледаме италијанско полуфинале во Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ