сабота, 19 октомври 2024
Серија А

Интер рутински против Лече за прва победа во новата сезона (ВИДЕО)

Интер пред своите навивачи славеше против Лече со 2-0, Дармијан и Чалханоглу ја донесоа првата победа во новата сезона.

Објавено на

часот

Сподели

По киксот на гостувањето кај Џенова, кога во финишот беше испуштена победа, Интер вечерва одработи рутински против Лече.

Избраниците на Инзаги стигнаа до триумф од 2-0 со головите на Дармијан и Чалханоглу.

Резултатот беше отворен по пет минути игра, Терами беше краток по една нафрлена топка, но на негова среќа, обидот да бие се претвори во идеална асистенција за Дармијан, кој со глава ја затресе мрежата за 1-0.

Трите бода беа осигурани во 70. минута, Чалханоглу од белата точка ги реши дилемите околу победникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ