сабота, 27 јули 2024
Серија А

Интер прими пацерски гол, па во 95. минута направи пресврт и го освои Удине (ВИДЕО)

Интер се врати на +14 во однос на Милан откако вечерва славеше на гостувањето кај Удинезе со 1-2, победата беше донесена во 95. минута кога Фратези рутински ја затресе празната мрежа.

Објавено на

часот

Сподели

Вo последниот натпревар од 31. коло во Серија А, Интер триумфираше со 1-2 на гостувањето кај Удинезе.

Домаќините поведоа пред крајот на првиот дел под чудни околности, една обид на Самарџиќ, кој повеќе наликуваше на додавање отколку на шут, заврши во мрежата откако Дамфрис и Зомер не се разбраа кој ќе интервенира.

Интер изедначи по десетина минути игра во второто полувреме, Чалханоглу од пенал погоди за 1-1.

Трите бода беа зграпчени во 95. минута од мечот, Лаутаро со удар од врвот на шеснаесетникот ја зпогоди стативата, а прв до одбиената топка дојде Фратези, кој рутински од пет метри ја затресе празната мрежа.

Со овој триумф, Интер се врати на +14 во однос на Милан, и го делат уште три победи до Скудетото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ