петок, 26 јули 2024

Интер маршира кон Скудетото, убедлив триумф над Аталанта (ВИДЕО)

Интер со 4-0 ја совлада Аталанта и ја забелажа осмата победа по ред во Серија А.

Објавено на

часот

Сподели

Момците на Инзаги одиграа уште еден фантастичен меч и забележаа убедлив триумф.

Прва на гол се израдува Аталанта, но погодокот на Де Кетеларе беше поништен поради играње со рака.

Во 26. минута Дармијан го отвори резултатот, а во самиот финиш од првото полувреме погоди и Лаутаро Мартинез за водство на Интер од 2-0.

По девет минути игра во вториот дел, Лаутаро Мартинез не реализираше пенал, но одбиената топка дојде до Димарко кој ја смести во мрежата на Аталанта за 3-0.

На 15 минути пред крајот, гол даде и Фратези за конечна победа од 4-0.

По 26 одиграни кола Интер е прв со дури 12 бодови предност пред Јувентус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ