понеделник, 21 октомври 2024

Интер ќе го направи Инзаги најплатен тренер во Серија А

Голем број на извори пренесуваат дека Интер и Симоне Инзаги си подале рака за нова соработка, стратегот ќе стане најплатен тренер во Серија А со плата од 6,5 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Интер и Симоне Инзаги подолго време водеа преговори за нов договор, и двете страни конечно пронашле заеднички јазик.

Голем број на извори пренесуваат дека паднал договор за двегодишна соработка и плата од 6,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Со ваква сума, Симоне Инзаги ќе биде најплатениот тренер во Серија А, ќе има поголеми примања од Конте, кој неодамна доби договор од Наполи со годишна плата од 6 милиони евра, плус бонуси (одредени извори пишуваат дека и тој има плата од 6,5 милиони евра по сезона).

Симоне Инзаги освои шест трофеи на клупата на „нероаѕурите“ во период од три години, а ги предводеше и до финале во Лигата на шампиони, без притоа да бидат потрошени многу пари на засилувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ