сабота, 27 јули 2024

Интер ја продолжи големата форма и во Лече, нова убедлива победа

Интер со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Лече и ја потврди големата форма во која се наоѓа.

Објавено на

часот

Сподели

Како одминува сезоната, така Интер игра сѐ подобро. Момците на Симоне Инзаги овојпат беа убедливи на гостувањето кај Лече.

Во 15. минута Лаутаро Мартинез го отвори резултатот, даде гол за 1-0. Останатите погодоци беа постигнати во вториот дел.

Во 54. минута Фратези погоди за 2-0, а само две минути подоцна Лаутаро Мартинез даде нов гол, овојпат за 3-0.

Конечните 4-0 ги постави Де Вриј во 68. минута од натпреварот.

Головите од натпреварот може да ги видите на овој ЛИНК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ