Натпреварот изобулуваше со шанси, но беа постигнати само два голови, двата беа дело на Думфрис.
По четири минути игра во второто полувреме Думфрис најдобро се снајде во една мешаница и погоди за водство на Интер од 1-0.
Истиот играч постигна прекрасен гол во 61. минута за 2-0, што беше и конечен резултат.
Во 72. минута Едерсон намали на 2-1, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд по долго гледање на снимката.
Интер во финалето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Милан и Јувентус, дуел кој се игра утре.