Тимот на Инзаги продолжува со фантастични игри во Серија А, овојпат ги освои трите бода од гостувањето кај Лацио.
Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез со гол на пет минути пред крајот на првото полувреме.
Конечните 2-0 ги постави Турам во 66. минута од натпреварот.
Лацио мечот го заврши со десет фудбалери откако Лацари во 86. минута доби директен црвен картон поради приговор кон судијата.
По 16 одиграни кола, Интер има четири бода повеќе од Јувентус.