сабота, 27 јули 2024
Серија А

Интер го победи Лацио и го израдува Наполи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Возбудувањата почнаа од 27. минута кога му беше поништен гол на Мхитарјан, а само три минути подоцна Лацио поведе со погодок на Фелипе Андерсон.

Евентуална победа на Лацио на овој дуел ќе го одложеше славјето во Неапол кое веќе беше подготвено, сепак лацијалите не го сочуваа водството иако долго го држеа.

Израмнувањето конечно стигна во 78. минута кога по асистенција од Лукаку, Лаутаро Мартинез погоди за 1-1.

Само пет минути подоцна нова асистенција на Лукаку, овојпат за Гонесенс кој се повреди, но даде гол за комплетен пресврт и водство од 2-1.

Конечните 3-1 ги постави Лаутаро со својот втор гол на мечот, овојпат постигнат во 90. минута од натпреварот.

Оваа победа беше важна за славјето на Наполи, но и тоа како важна и за Интер кој сега има ист број на бодови со Милан и Рома, но и подобра гол разлика од нив, па се качи на четвртото место во Серија А.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ